Терористичката мрежа Ал Каеда во Северна Африка демантираше синоќа дека нивниот лидер Моктар Белмоктар е убиен во американски воздушен напад минатата недела во Либија.
– Муџахединот Калед Абу ал Абас е се уште жив и здрав, се наведува во соопштението на организацијата Ал Каеда на Исламски Магреб поставено на Интернет, користејќи го името по кое Белмоктар е познат во круговите на џихадистите.
Во истото соопштение се наведува дека „вистинска мета на воздушните напади биле Либиските лавови (бунтовничка либиска група).
Пред четири дена главна вест на светските агенции беше дека алжирскиот екстремист, ветеранот на Ал Каеда, Белмоктар е убиен во американски воздушен напад во Либија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


