Марио Манџукиќ ќе биде новиот напаѓач на Јувентус, а хрватскиот интернационалец претходно ја одбил понудата на Манчестер јунајтед.
Според информациите на италијанските медиуми, преселбата на Манџукиќ од Атлетико Мадрид во Јувентус е завршена работа, а тој ќе биде претставен во Торино во понеделник.
Трансферот е вреден 18 милиони евра, со тоа што Манџукиќ ќе потпише 4-годишен договор со Јувентус и ќе заработува по 4 милиони евра годишно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



