| четврток, 6 декември 2018 |

Кинези купуваат бутици во Франција за над милијарда евра

Кинески инвеститори кои во Франција веќе го купија аеродромот во Тулуз, хотелот Лувр, се подготвуваат да откупат и осум трговски центри во државата. Вредноста на трансакциите е околу 1,3 милијарди евра.

kina

Според Фигаро, кинескиот суверен фонд ЦИЦ (China Investment Corporation) кој управува со имоти вредни 220 милијарди евра, ќе купи осум трговски центри во Франција.

Меѓу нив се Ла ваш во Париз со 80 бутици и трговски центар во Троа.

Предмет на таа цесија се и два трговски центра во Белгија. Со таа операција, како што се наведува Кинезите најавуваат спектакуларен начин за влез на францускиот пазар на недвижности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top