Најмалку 40 лица се убиени од нигериската исламистичка група „Боко Харам“ во две села во соседен Нигер, јавија локалните власти.
Напаѓачите пустошеле продавници и палеле куќи во населените места во близина на границата со Нигерија рано изутринава, по што избегале.
„Боко Харам“ во април годинава изврши напад во Нигер, во кој загинаа најмалку 58 лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



