Ретко кој не го изговорил името Јагодинка Симоновиќ, барем еднаш во животот. Има ли некој кој барем еднаш не ја цитирал репликата од култниот филм „Лажливо лето ’68“?
„Меси, меси, ништо нема да ти штети“.
Се викаше сосема обично-Јагодинка Симоновиќ. Мирисаше на свежо тесто, солени переци и пекарски квасец.
Прочуената сцена во која Славко Штимац ја фаќа за гради убавата пекарка Јагодинка, една е од најпознатите сцени на српската кинематографија. Драгана Варагиќ (58), тогаш имаше 27 години, а од премиерата на филмот „Лажливо лето ’68“ поминаа точно 31 година.
Како изгледа денеска Јагодинка, по која воздивнуваа генерации и генерации.
Варагиќ, која е родена 1957 година во Краљево, во врвот на популарноста во деведесетите години со сопругот и синот се пресели во Канада, каде живеела 20 години, за да потоа се врати во Србија. Драгана денеска е истакната драмска артистка и вонреден професор на Академијата на уметности во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




