Групата е осомничена за членување кон организирана мрежа за шверц на наркотици, што криумчарела кокаин од Јужна Африка за калабриската мафија.
Според полицијата тоа е една од најголемите организации за шверц на наркотици во Италија, со седиште во провинцијата Торино и со големи клонови во други области на Италија.
Закопаните пари биле „трезор“ на криминалната група. Освен тоа, во дворот се откриени голем број скапи часовници, вклучително 26 ролекси, накит и други вредни предмети.
Во рамки на истрагата што траеше неколку месеци, се запленети 415 килограми кокаин во вкупна вредност од околу 35 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



