| четврток, 6 декември 2018 |

Над една четвртина од барателите на азил во ЕУ се косовски граѓани

косово

Над една четвртина од вкупно 185.000 бегалци, што во првото тримесечје на годинава побарале азил во земјите од ЕУ, се косовски граѓани, што ги прави најголема група, јави Танјуг.

Според денеска објавени податоци на Евростат косовските Албанци со поднесени речиси 49.000 барања за азил ги надминуваат Сиријците, кои се 16 проценти од барателите и Авганистанците кои се на трето место со 7 отсто од поднесените барања.

Најголем број барања за азил во овој период се поднесени во Германија, каде се направени околу 40 отсто од вкупниот број барања за азил. Следува Унгарија со 18 отсто. Останатите држави од ЕУ добиле значително помалку барања.

Во споредба со првото тримесечје на 2014 годиан вкупниот број на баратели на азил годинава е зголемен за 85 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top