| четврток, 6 декември 2018 |

ГРЕКО: Регулирање на судирот на интереси на пратеници, судии и обвинители приоритет на борбата против корупцијата во Европа

греко
Евалуациите спроведени од страна на Групата на држави против корупција (ГРЕКО) на Советот на Европа покажуваат дека во многу европски земји, не постои регулатива којa го надгледува судирот на интереси со кои можат да се соочат пратеници, судии и обвинители, во другите земји, законодавството во таа област е толку сложено или толку често се менува, со што им недостига јасност и стабилност, се вели во годишниот извештај на ГРЕКО.Загрижен од оваа ситуација, претседателот на ГРЕКО Марин Mрчела, денес ги повика европските земји да имаат јасни и стабилни правила за регулирање на конфликтот на интереси на пратениците, судиите и обвинителите. -Неопходно е да се покаже посилна политичка волја за решавање на недостатоците во превенцијата на корупцијата кај овие професионални групи, и да им се посвети повеќе внимание на спроведувањето нана правилата отколку на нивното пишување – рече тој.

Во својот годишен извештај ГРЕКО смета дека е постигнат напредок, како што е илустрирано со неколку примери, сепак, во многу земји не се целосно имплементирани препораките за тоа како да се спречи и борба против корупцијата, пшренсува дописмикот на МИА од Сразбур.

ГРЕКО е загрижен за бавното темпо на подобрување на имплементацијата на препораките за транспарентноста на политичкото финансирање. Според претседателот на ГРЕКО, “слабиот успех од страна на многу држави, кога станува збор за зголемување на транспарентноста на финансирањето на политичките ја илустрираат тешкотијата, а понекогаш и невозможноста, да се постигне одржлива договор меѓу политичките партии“. Сепак, како што вели тој, треба да се забележи дека е постигнат значителен напредок и дека, во оваа област, некои земји така не се веќе предмет на следење од страна на ГРЕКО во процедурите за неусогласеност.

На крајот на 2014 година, ГРЕКО усвои 24 извештаи за евалуација за спречување на корупцијата на пратениците, судии и обвинителите.

Во овие евалуации, ГРЕКО покажа дека многу земји немаат сеопфатен и ист кодекс на однесување за пратениците, и дека неколку земји не усвоиле соодветни мерки за решавање на ранливоста на пратеницитево однос на несоодветно влијание од страна на трети страни, вклучувајќи лобисти. Тие, исто така, ја истакнаа потребата за подобрување на изјавите за имотната состојба на парламентарците, на пример, со запишување на повеќе релевантни и точни информации кои ги покриваат брачни другари и членови на семејството, како и нивна полесна достапност за јавноста.

Што се однесува до судиите, ГРЕКО постојано ја истакнува потребата да се зајакне нивната независност и непристрасност и дека, на пример, најмалку половина од членовите на Судските саморегулаторни тела треба да бидат избрани од страна на нивните колеги. Во некои случаи, ГРЕКО смета дека е потребно да се воспостават повеќе објективни и транспарентни критериуми во изборот на судии и постапките за оценување, да се запознаат со прашања од етиката и интегритетот, и да се воспостават јасни кодекси на професионално однесување.
Во своите извештаи, ГРЕКО ја нагласи потребата да се обезбеди независност на одделенијата одговорни за постапките во однос на извршната власт, и да се има подеднакво код на однесување за обвинителите.

Во 2014 година, ГРЕКО посети десет земји за да подготви извештаи за евалуација за превенција на корупцијата кај пратениците, судиите и обвинителите; усвои 10 извештаи за евалуација и три извештаи за следење посветени на овие прашања. Исто така, усвоени се 30 извештаи од мониторингот на криминализација на корупцијата и транспарентноста на финансирањето на политичките партии и изборните кампањи и три извештаи од мониторингот на меѓу другото, за независноста, специјализацијата и ресурсите на националните тела за борба против корупцијата и степенот и опсегот на имунитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top