| четврток, 6 декември 2018 |

Богата програма за „Штипско културно лето“

Општина Штип на денешната прес-конференција ја претстави програмата за „Штипско културно лето“ (ШКЛ), кое ќе се одржи од 19 јуни до 9 август.

Публиката ќе може да види 30 културни настани, отварањето е утре со целовечерен концерт на КУД „Ристо Донев–Учителот“, а манифестацијата ќе заврши на 9 август со востановениот „Summer beach festival“.

– Некаде помеѓу се поместени стандардни културни содржини од типот на изложби, концерти, промоции и претстави. Статистички кажано, годинава на ШКЛ ќе има седум настани, кои се во доменот на етно и традиционалната музика, пет класични концерти, три концерти од сферата на популарната музика вклучитлено и промоција на албум и рок хепенингот на Вртешка на планината Плачковица со гости од САД, четири театарски претстави од кои две детски, три изложби од кои две на цртежи и акварели и една на уметничка фотографија, две промоции на книги и една ревија, рече портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top