| четврток, 6 декември 2018 |

Врачена наградата „Роман на годината“ на Митко Маџунков

Годинешниот лауреат на престижната книжевна награда „Роман на годината“, академик Митко Маџунков, вечерва во свечена атмосфера во „Сити хол“ го доби високото признание. На свеченоста присуствуваа претставници на МПМ, членови на Македонската академија на науките и уметностите, писатели, досегашните добитници на наградата итн.

Редакцијата на „Утрински весник“ по 14-ти пат го организираше конкурсот за наградата „Роман на годината“. На годинашниот се натпреварувале 46 романи од најновата литературна продукција во Македонија.

Жирито оцени дека „Птиците од ланските гнезда“ на Маџунков се издвојува од преостанатите романи по својата исклучително умешна, маестрално срочена композиција, во која се откриваат најдобрите карактеристики на полифонискиот роман. Според жирито, се работи за урбан роман, речито сведоштво за денес актуелните, урбани луѓе и нивните судбини, роман за трагично осамените индивидуи, низ кои се прекршува колективната карма или осуденост на само еден, безалтерантивен простор, време, нација, култура.

Маџунков беше награден со статуетка и плакета од редакцијата и 150 илјади денари, а Владимир Тодоровиќ  му додели уметничка слика.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top