На сцената на Народното позориште во Белград, Ивана Коцевска од Македонија и Јован Веселиновиќ од Србија се претставија со адаџо од балетот Самсон и Далила” во кореографија на Савковиќ и на музика на Сен Санс, а со адаџо од балетот Шехерезада”, настапија првенците Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили во кореографија на Михаил Крапивин.
Балетските солисти на Македонската опера и балет со овации беа пречекани од белградската публика на гала балетскиот концерт што деновиве беше одржан по повод 50 години од постоењето на Здружението на балетските уметници на Србија. По настапот не изостанаа ниту позитивни критики за нашите балетски уметници.
На сцената на Народното позориште во Белград, Ивана Коцевска од Македонија и Јован Веселиновиќ од Србија се претставија со адаџо од балетот Самсон и Далила” во кореографија на Савковиќ и на музика на Сен Санс, а со адаџо од балетот Шехерезада”, настапија првенците Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили во кореографија на Михаил Крапивин…”
Настанот е од големо значење за балетската уметност во Србија, но и пошироко, а на свеченоста се доделени и годишните награди на ова Здружение.
Нашите солисти се претставија заедно со гостите на Народниот театар од целиот регион, па меѓу учесниците беа и балетските уметници на Српскиот народен театар од Нови Сад, Народниот театар во Белград, Здружението на балетските уметници од Словенија, Битеф театар, Опера и театар Мадлениан, Театар Дортмунд од Германија и Балетското училиште “Лујо Давичо”.
Централната прослава на Здружението на балетските уметници на Србија по повод јубилејот, беше планирана за крајот на минатата година, но беше одложена поради пожарот во Народниот театар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.