Девет луѓе загинаа откако непознат човек почна да пука врз верници во црква во афроамериканска заедница во Чарлстон, Јужна Каролина.
Еден човек е ранет и пренесен во болница. Шефот на полицијата на Чарлстон, Грегори Малан, изјави дека станува збор за криминален чин предизвикан од омраза, извршен од расистички побуди.
Полицијата е во потрага по маж на возраст од 21 година.
Малан додаде дека е укината тревогата поради бомбашка закана во реон близу Методистичката црква во која синоќа напаѓачот отворил оган.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.