Водачот на Српската радикална партија, Воислав Шешељ, кому судот на ООН за воени злосторства во Хаг, му нареди да се врати назад во притвор, сè уште не може да се врати, бидејќи прима хемотерапија, соопштија неодамна српските медиуми.
Но, по гостувањето во една емисија на телевизија од Зрењанин, која се емитуваше минатата ноќ, Шешељ сосема опуштена уживаше во друштвото на Лидија Вукичевиќ. Легендарната српска актерка, најпозната по улогата во серијата „Бољи живот“, и членка во партијата на Шешељ, иако е во шестата деценија, изгледа одлично.
На лидерот на радикалите, очигледно, не му е веќе лошо, како што може да се види на фотографијата, пишува српски „Курир“. Во изјава за весникот Шешељ вели дека тој и Лидија се многу добри пријатели, но само тоа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.