Тропска бура „Лидија“ се формира над Тихи океан, на околу 290 километри југоисточно од врвот на мексиканската држава Долна Калифорнија и се заканува да стане ураган.
Бурата се движи во правец север-северозапад со брзина поголема од 11 километри на час и се очекува дека така ќе остане и во наредните денови, наведува Националниот центар за урагани.
Бурата е пратена од ветар од 64 километри на час, а се предвидува дека ќе се засили во наредните 48 часа, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
– „Лидија“ има потенцијал да прерасне во ураган пред да удри во копното – предупредува Центарот за урагани.
Бурата може да предзивика обилен дожд кој пак може да предизвика опасни поплави и одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.