| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот човек на австриската бизнис федерација Капш: Владата создава многу добра бизнис клима

За време на посетата на Австрија, каде заедно со владин тим ги презентираат бизнис можностите и и поволната клима за инвестирање во Македонија, премиерот Никола Груевски ја посети и компанијата „Капш“ и нивните производствени погони во Виена, а потоа имаше и одвоена средба со сопственикот и главен извршен директор на компанијата, Георг Капш, кој воедно е и претседател на Федерацијата на австриски индустрии која обединува над 4.200 австриски компании.

Групацијата Капш е голема австриска компанија со над 5.000 вработени која остварува годишни приходи од над една милијарда долари, и која вложува околу 120 милиони долари годишно за истражувања и развој.

Почестени сме што премиерот Груевски ја посети нашата компанија. Ние сме посветени на комуникациските системи, телекомуникациите и недвижнините. Македонија е многу интересен пазар за нас, во поглед на капацитетите на работната сила, но и побарувачката – изјави Капш.

Кога станува збор за бизнис климата во Македонија, Капш смета дека инвестициската клима е многу добра.

Нудите различни можности, ниски даноци, имате многу пријателска клима за инвеститорите. И ние како Асоцијација на австриската индустрија ве поддржуваме и ги мотивираме австриските компании да инвестираат во Македонија – додаде тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top