Премиерот Никола Груевски испрати честитка до Поглаварот на Исламската заедница во Република Македонија Господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи и сите верници од исламска вероисповед во Република Македонија по повод почетокот на Рамазанските пости. Во интегралниот текст на честитката се вели:
Почитуван Поглавар на Исламската заедница во Република Македонија Господин Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи, Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од моето лично име и од името на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам започнувањето на Рамазанските пости.
Дозволете ми Вам лично, на членовите на Ријасетот и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија, од моето лично име и од името на Владата на Република Македонија, да Ви го честитам започнувањето на Рамазанските пости.
Светиот месец Рамазан и почетокот на рамазанските пости, и вашата посветеност кон празнувањето, нека ви донесат мир во душата, разбирање, толеранција, проштевање и хармонија. Доаѓањето на големите верски празници од секогаш носеле спокој и насочување кон вредностите. Молитвата, добрата мисла и добрите дела нека бидат водилка кон многу радост и среќа во семејствата на верниците и севкупно во Република Македонија, и нека ја шират соработката и почитта кон Вашите блиски, соседите, пријателите и сограѓаните.
Соживотот на разните религии и нации кои живеат во нашата земја, да придонесат и понатаму со заеднички сили да работиме за економски развој на земјата и подобар стандард на граѓаните, за повеќе можностите за културен, образовен и сеопшт напредок, и за достигнување на европските и евроатлантски стандарди, со цел понатамошна изградба на силна и напредна Република Македонија.
Испраќајќи Ви најискрени честитки, Ви пожелувам радосни празнични денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.