Репрезентациите на Србија и Бразил за играчи до 20 години ќе ги одмерат силите во финалето на Светското првенство што се одржува во Нов Зеланд.
Србите ја имаат спортска среќа во текот не целиот мундијал бидејќи во полуфиналето против Мали повторно одиграа натпревар во продолженија. Во осминафиналето беа подобри од унгарците по 120 минути игра, во четврфиналето славеа победа против САД по изведување на пенали, додека во полуфналето го совладаа Мали со 2-1 со гол во 111 минута откако во регуларниот дел беше 1-1 по головите на Живковиќ и Коне.
Јунак на овој натпревар повторно беше Иван Шапоњиќ кој со глава го совлада голманот на Мали во второто продолжение. Шапоњиќ беше стрелец и на израмнувачкиот гол во осминафиналето против Унгарија со судиското продолжение.
Serbia vs Mali 1-1 All Goals and Full… by MusicSavy
2-1 Ivan Saponjic Goal, Serbia U20 vs Mali U20 by diyan-delev
Во големото финале младите репрезентативци на Србија ќе се сретнат со врсниците од Бразил кои во денешното прво полуфинале го демолираше Сенегал со 5-0. Мечот беше решен уште во првите 35 минути, период во кој „кариоките“ поведоа со 4-0, за во второто полувреме со вториот гол на Гилјерме да ги постават конечните 5-0, на патот до финалето.
Brazil Vs Senegal – Semifinal Highlights -Men U… by Soccerworld1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)