Поради непрописно паркирање, на места предвидени за лица со инвалидитет, еден француски пензионер (59), ги дупнал пневматиците на повеќе од 2.000 автомобили.
Откако бил откриен, полицијата извршила претрес во неговата куќа во Вилербан и пронашла неколку тетратки со уредно забележани регистарски таблички, кои биле цел на неговите напади. Ги имало вкупно 2.190.
Пензионерот рекол дека му здодеале луѓе „кои не почитуваат ништо“ и „отсуството на граѓанска свест“.
Судот наложи психијатриско вештачење на овој пензионер, а во меѓувреме полицијата се обидува да ги најде сопствените на оштетените автомобили. Имајќи во вид дека и самите направиле прекршок со непрописното паркирање, прашање е колкумина од нив ќе одговорат на полицискиот повик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.