| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се реконструира патот Неготино – Криволак

Ќе се реконструира патот од Неготино кон неготинското село Криволак, во должина од 3 километри и ширина од 5,5 метри.

Од општина Неготино денеска информираа дека е почната постапката за спроведување на законските процедури кои претходат на градежните работи на терен за реконструкција и асфалтирање на овој патен правец. За таа цел се обезбедени 22 милиони денари.

– Министерството за транспорт и врски во соработка со општина Неготино го објави јавниот тендер за реконструкција на локалниот пат до населеното место Криволак, и тоа од спојот со патот Р – 107 до центарот на ова населено место. Заинтересираните, според објавата, можат да ги доставуваат понудите најдоцна до 22 овој месец, кога и ќе се случи нивно јавно отворање – информира Општина Неготино.

По завршувањето на административните процедури и изборот на најповолниот понудувач и изведувач, се очекува старт на градежните работи на терен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top