Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, е нов амбасадор на проектот што ја промовира борбата против расизмот на спортски терени. Тој ќе го промовира десткиот куп на шампиони „Да играме против расизмот“, кој од утре па до 19 јуни ќе се одржи во Истанбул.
Ова е трет квалификациски турнир на кој ќе учествува и неговата фудбалска школа „Академија Пандев“, која има неколку стотини млади што сакаат да се занимаваат со фудбал. Покрај „Академија Пандев“ во конкуренција се уште и пионерските школи на Галатасарај, Бешикташ, рускиот тим Краснодар и белоросускиот Минск.
Првопласираната екипа на овој турнир ќе обезбеди учество на финалниот турнир кој ќе се одржи од 27 до 30 август на новиот стадион на Спартак во Москва.
Од претходните квалификациски турнир веќе се познати четири финалисти, Динамо Загреб, Дачија Кишињев, ПАОК Солун и Спартак Москва.
– Фудбалот ми помогна да пронајдам многу пријатели во светот. Ние имаме различна боја на кожата, но се разбираме меѓу себе благодарение на јазикот на фудбалот – вели во својата порака Горан Пандев.
Пандев, по крајот на квалификацискиот турнир, на 19 јуни ќе ги додели и признанијата за најдобрите на овој собир на кој очекуваме „Академија Пандев“ да биде екипата, која ќе најде место на финалниот турнир од детскиот куп на шампионите „Да играме против расизмот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.