Вчеравечер околу 21.30 часот на ул. „Ордан Чопела“ во скопски Чаир, по претходна расправија меѓу М.З.(49) и Ш.Р.(44), во еден момент М.З. испукал еден куршум од огнено оружје и му нанел тешка телесна повреда во пределот на десното стапало на Ш.Р. по што го напуштил местото на настанот.
Повредениот е пренесен во ГОБ „8 Септември“ за укажување лекарска помош.
Од страна на СВР Скопје е извршен увид, како и разговор со М.З. и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.