На 17 јуни (среда) со почеток во 20 часот на малата сцена во Македонски народен театар гостува „Со љубовта шегување нема“ на Интимен театар од Битола.
Претставата е по текстови од Алфред де Мисе и документирани материјали, а режисер е Софија Ристевска.
Во претставата играат: Здравко Стојмиров Катерина Аневска Стефанија Милевска.
„Со љубовта шегување нема“ е создадена врз идејата за денешниот неолиберализам, којшто го проголтува и уништува секој човечки напор за живеење надвор од матрицата на истиот. Во денешниот свет, конструиран само и единствено врз правилата на капиталот, човекот за жал нема алтернатива, освен да се потчини и да се постави во функција на парите. И кога капиталот е основниот параметар по којшто се конструира и структурира еден живот, тогаш доаѓаме до заклучокот дека, всушност, со капиталот шегување нема, а дека е љубовта е постудена од капиталот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


