| четврток, 6 декември 2018 |

Мајкл Линхарт: И понатаму ќе ја поддржуваме Македонија (видео)

Мајкл Линхарт генерален секретар на австриското МНР денеска во Охрид говореше за важноста од интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО.

-Го поддржуваме брзиот почеток на преговори за членство. Секогаш  поддржуваме Европскиот совет да донесе заклучок за почеток на преговори, меѓутоа во случајот на Македонија важно е оваа криза да се реши што е можно побрзо. Мислам дека сите страни мора да се вклучат. Секако првенствената одговорност ја имаат сите страни инволвирани во сегашната состојба во земјата. Македонија треба да го изоди својот пат кон ЕУ, потребна ни е како силен играч на Балканот и во Европа и понатаму ќе ја поддржуваме Македонија на тој пат, рече Линхарт во Охрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top