ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на Централниот комитет, што се одржа во Охрид, избра нов состав на Извршниот комитет, а Емил Димитриев е повторно избран за генерален секретар на партијата.
Оваа постапка, како што е објавено на веб-страницата на партијата, е во согласност со Статутот и се очекуваше по одржување на редовниот конгрес во Куманово, на кој лидерот Никола Груевски беше реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.
Во новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ има десет нови имиња, што беше најавено на кумановскиот конгрес.
Во новиот Извршен комитет на партијата се избрани професорот на Економски факултет во Прилеп, Никола Димески, претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп, професорот од Машинскиот факултет Христијан Мицковски, доктор Александар Митов, градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски, кој во ова партиско тело се очекува да ги застапува интересите на граѓаните кои живеат и работат во руралните средини, претседателот на Градскиот комитет на унијата на млади сили од Скопје, Лука Кржаловски.
Во новиот состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ има избрано и претставник од Струга, тоа е Никола Затуровски, директор на средното училиште „Нико Нестор“, што всушност е најавена политика на ВМРО-ДПМНЕ кон овој град. За член на ИК на партијата е избрана и Дафина Стојановска-Ивановска од Гостивар, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на општина Гостивар. Нов член на ИК е и магистер по електротехнички науки Горан Јандреоски од Скопје, како и магистер по дефектолошки науки Нермин Телоска, која е прв припадник на турската националност, член во ова високо партиско тело на ВМРО-ДПМНЕ.
Во новиот состав на ИК на партијата остануваат да членуваат Мартин Протуѓер, Никола Тодоров, Никола Поповски, Зоран Ставрески, Сашо Мијалков, Владимир Пешевски, Гордана Јанкуловска. Во Извршниот комитет се членови и потпретседателот на Собранието Антонио Милошоски од Кичево, координаторот на пратеничката група Илија Димовски од Велес, пратениците Зоран Георгиевски од Куманово, Силвана Бонева од Струмица, Зоран Илиоски од Битола и Владимир Ѓорчев.
Во новоизбраниот состав на ИК на ВМРО-ДПМНЕ членуваат и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, Миле Јанакиески и претесдателите на униите на жени и на млади, Даниела Рангелова и Владимир Нелоски.
И во овој состав на ИК на партијата повторно се избрани пратениците Нола Исмајлоска и Фатмир Имероски, со што партијата ја продолжи веќе зацртаната политика за инкорпорирање на Македонците со исламска вероисповест во своите редови и давање континуирана поддршка кон нив.
Новиот состав на ИК на партијата, кој е спој на свежина и искуство во кадровската политика, се очекува да ја продолжи успешната работа на ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението објавено на веб-страницата на партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)