Мирослав Грчев, гласниот поддржувач на СДСМ, во својата колумна насловена како „ВМРО да се ИСКОРНЕ од македонската држава“ користи изрази полни со омраза против цела македонска држава.
„Единствен пат за обновувањето на македонската демократија и култура е дератизацијата, дезинсекцијата, дезинфекцијата и деконтаминацијата на сите институции на државата и општеството од смртоносниот ген на ВМРО-ДПМНЕ“, пишува Грчев во колумната објавена во „Слободен печат“ на Бранко Героски.
Грчев, водејќи политичка битка во име на СДСМ, бара ВМРО да биде фрлено во буниште.
„Фашистичкиот вмровски ген мора да се искорне од телото на македонската држава и да се фрли на буништето на историјата“, дополнува Грчев.
Ова скандалозно ширење говор на омраза стана честа реторика на „експертите за сѐ“, кои работат во служба на опозицијата, Зоран Заев и Радмила Шекеринска.
Инаку, Мирослав Грчев е познат во јавноста и како „гробарот на Дебар маало“ во Скопје во средината на 90-тите години. Во времето кога тој беше градоначалник на Центар, како дел од СДСМ, се појави најголемата градежна урбана мафија.
Како дел од неа се јавува и компанијата „УПА Ентерпрајс“ во сопственост на Љупчо Палевски, компанија позната по објектот „Тифани“, кој и денес не е целосно пуштен во употреба, како и по други спорни објекти во центарот на Скопје. Палевски беше долгогодишен функционер на СДСМ и во кус период и претседател на скопската организација на оваа партија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.