| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една жртва и пет нови заразени од вирусот МЕРС во Јужна Кореја

Уште едно лице, на возраст од 58 години, починало од инфекцијата со вирусот МЕРС, во Јужна Кореја.

Регистрирани се и пет нови случаи заразени со болеста кај нас е позната како Нилска треска, соопштиле од министерството за здравство.

Починатиот е 16 жртва на опасната инфекција од која од втората половина на мај до сега се регистрирани 150 инфицирани, од кои 17 сега се во критична состојба.

Над 5.200 лица, кои на некаков начин биле во контакт со заразените од МЕРС сега се во карантин. Покрај Сеул, карантин воведоа и властите во градот Даеџон, 140 километри јужно од главниот град.

Во сите соседни држави, а и пошироко во Азија, здравствените власти преземаат опсежни мерки за спречување на влез на патници од Јужна Кореја кај кои постои и најмала сомнеж за инфекција од вирусот МЕРС.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top