| четврток, 6 декември 2018 |

Сериозен инцидент: Јапонија и Јужна Кореја се скараа поради статуа

Јапонија ги повика двајцата свои високи функционери од Јужна Кореја поради контроверзната статуа кој минатата недела беше поставена пред јапонскиот конзулат во јужнокорејскиот град Бусан.
„Токио ќе ги прекине преговорите со Јужна Кореја во врска со планираната промена на валутите и ќе ги одложи економските разговори, како еден од првите одговори за поставената статуа“, изјави Јошихиде Суга, генерален секретар на јапонската влада, на прес-конференција во петокот.

Жени за утеха

Статуата беше поставена од страна на граѓанска организација во декември, а ги симболизира жените кои биле принудени да работат како сексуални робинки за јапонските војници за време на Втората светска војна. „Факт е дека поставувањето на статуа од ваков тип има негативно влијание врз односите помеѓу Јапонија и Јужна Кореја, што е жалосно“, изјави Суга.

Привремено се повикани јапонскиот амбасадор во Јужна Кореја и генералниот конзул на Јапонија во Бусан. Јужна Кореја изрази жалење за ваквата одлука на Јапонија. „Нашата влада нагласува уште еднаш дека иако постојат сериозни проблеми меѓу двете земји, и двете влади, врз основа на довербата, сепак мораат континуирано да ги развиваат односите.

Дипломатско понижување

Јужна Кореја и Јапонија во декември 2015, постигнаа договор за решавање на таканареченото прашање „Жена за утеха“. Јапонија му плати повеќе од 8 милиони долари на јужнокорејскиот фонд за жртвите. Ова прашање долго време било спорно во односите помеѓу двете земји, а Јужна Кореја барала големо извинување во компензација за жртвите.

Но, застапниците на поранешните жени за утеха не биле задоволни со ваквиот одговор; тие дури го нарекле и „дипломатско понижување“. Се проценува дека околу 200.000 жени, главно Корејки, биле присилени да работат како сексуални робинки за јапонските војници. Меѓу нив имало и жени од Кина, Тајван и Индонезија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top