| четврток, 6 декември 2018 |

Варуфакис: Излегување на Грција од еврозоната не е рационално решение

Yanis Varoufakis

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, отфрли денеска повлекување на Грција од еврозоната истакнувајќи дека тоа не би било рационално решение за грчката должничка криза. Според него, единствен начин за напредок е реструктуирање на долгот.

– Отфрлам излегување на Грција како рационално решение – изјави Варуфакис за „Билд“. Тој додава дека во разговорите мора да се вклучи и германската канцеларка Ангела Меркел.

– Договор може да биде постигнат за една ноќ. Но, канцеларката треба да учествува. Треба да почнеме од почеток. Мора да направиме чистење. Не сакаме веќе никакви пари – вели тој во изјавата за „Билд“.

Грчкиот министер за финансии вели дека Атина е подготвена да се согласи на договор со кој ќе биде реструктуиран долгот на државата. Во Брисел синоќа беа завршени преговорите на Грција и претставници на ЕУ и ММФ без договор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top