| четврток, 6 декември 2018 |

Во НБА сѐ си е по старо, гази Мајами, доминира Леброн Џејмс (видео)

Во НБА лигата сѐ си е по старо, Мајами хит гази, Леброн Џејмс доминира. „Жешките“ поминаа уште една пречка на патот до импресивниот рекорд на Лос Анџелес лејкерс, а победата над Орландо, синоќа, им е 27. во низа. Доминацијата на Кралот Џејмс е апсолутна и тој е најмаркатната личност, во најсилната кошаркарска лига на светот. Го има насекаде, му недостасуваше само еден скок за трипл-дабл против Орландо, во победата од 108-94, а се најде во двојна улога, во ТОП-10 моментите од синоќешните натпревари. Џејмс даде 24 поени, со 11 асистенции и 9 скока.

За него е резервирано местото број 1, од најатрактивните потези во сите натпревари од ноќешната програма. Спротивно од Мајами, серијата на Денвер од 14 победи во низа е стопирана, а „виновници“ се кошаркарите на Њу Орлеанс. Тие победија уверливо со 110-86 и му најавија на Мајами жесток дуел, во сабота наутро. Њу Орлеанс е еден од противниците што стојата на патот на Џејмс и соиграчите, кон рекордот на Лејкерс, со генерацијата 1971/72. За одбележување е импресивниот настап на Џин Вол од Вашингтон, со 47 поени и на Коби Брајант, кој даде 36, но неговите Лејкерси загубија од Голден стејт. И двајцата се најдоа на ТОП-10 листата со најатрактивни потези.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top