Седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е закажана за вечерва во 19.30 часот во Охрид.
Се очекува на седница дискусија од страна на сите членови на Централниот комитет на владејачката партија за актуелната состојба во државата, како и за одржувањето на предвремените парламентарни избори кои треба да се одржат најдоцна до април идната година.
На седницата се очекуваат да бидат донесени и конкретни заклучоци и насоки како партијата да дејствува во идниот период по однос на актуелните прашања, како и договорот од 2 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



