Претпладне ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежио, собено во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а дневната од 31 до 37 степени. УВ индексот ќе биде 9.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец. Попладне ќе има зголемена облачност. Утринската температура ќе биде 15, а дневната ќе достигне до 35 степени.
Утре и на почетокот на следната недела, нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, па дневната температура ќе биде повисока од просечната за овој период од годината. И утре во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ветровито и претежно сончево ќе биде во понеделник. Од вторник повторно ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд, особено во планинските региони и ќе започне да дува претежно северен ветер. Во среда и четврток се очекува ќе биде променливо и нестабилно со повремено пороен дожд, грмежи и засилен ветер особено во попладневните часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



