Кандидатот за градоначалник на општина Центар од коалицијата „Сојуз за иднината“, предводена од СДСМ, Андреј Жерновски, денеска на прес-конференција рече дека три дена кутиите со гласови од шест избирачки места не можат да се избројат.
Според него, на овие места веќе се избројани гласовите за градоначалник на Скопје и на нив Јани Макрадули има водство.
– Се работи за избирачки места во училиштата „Кочо Рацин“, „Јохан Хајнрих Песталоци“ и во Капиштец. Конечно, денеска почна пребројувањето на овие гласови и се работи за околу 5.000 гласачи – рече Жерновски и додаде оти СДСМ победил со 15 проценти разлика.
Тој истакна дека 1.300 неважечки ливчиња има во општина Центар. Жерновски го повика досегашниот градоначалник и кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Тодоровиќ, да излезе, да го признае поразот и да извршат примопредавање на должноста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


