| четврток, 6 декември 2018 |

Водата е задолжителна за пиење! Еве што може да ви се случи доколку не пиете доволно вода

 

Најдобриот начин да ја задоволите жедта е чаша обична вода. Водата е природен извор на здравје, но луѓето често знаат да заборават да се напијат, а поради тоа организмот трпи. Еве неколку знаци дека не внесувате доволно вода во себе.

Сува уста

Најчестиот знак за жед е сувата уста и чувството на сувост во усната празнина. Ако устата ви е сува, тоа значи дека вашето тело хидрирано.

Суви очи

Недостатокот на вода во телото се манифестира со сувоста на очите кои може да станат црвени. Недоволната влажност на очите е посебен проблем за оние кои носат леќи.

Сува кожа

Кожата е најголем орган и потребно му е доста вода за да функционира правилно. Сува и иритирана кожа се еден од знаковите за дехидрација и можат да предизвикаат проблеми. Недостатокот на вода ја намалува способноста на телото да се чисти, односно да се ослободува од токсини.

Чувство на глад

Дехидрацијата го мами мозокот и пренесува сигнали дека телото е гладно, па ќе имате чувство на глад во текот на целиот ден. Храна без доволно вода го забавува метаболизмот и создава масни наслаги.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top