| четврток, 6 декември 2018 |

Методија Шаторов-Шарло: Македонците не сет нити Срби, нити Бугари, а сет само Македонци

Проглас на Покраинскиот комитет на КПМ, на чело со Методија Шаторов-Шарло, пред почетокот на Втората светска војна, кој денес го објави веб-ајтот „Олд Прилеп“

Шарло од минатиот режим беше прогласен за бугарски ориентиран. Овој проглас покажува нешто сосема друго. На него, меѓу другото, стои:

“… Господата од Белград и Софиа спорат за Македониа, а македонскиот народ ич не го питат. Тиа поробители на Македониа имаат тепегјозлук да зборуат оти македонскио народ бил српски, бил бугарски и оти Македонците немале историа, јазик и др.
Македонските поробители лажат. Во сушност Македонците не сет нити Срби, нити Бугари а сет само Македонци.“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top