| четврток, 6 декември 2018 |

Во Прилеп се одбележаа 120 години од раѓањето на Методија Шаторов Шарло

Денеска се одбележаа 120 години од раѓањето на Методија Шаторов Шарло. Делегација од општина Прилеп, голем број на политички партии, претставници од невладини организации, Сојузот на борци денеска пред споменикот на Шарло кој се наоѓа во центарот на градот положија свежо цвеќе.

_mg_3338

Методија Шаторов Шарло по 75 години историски се вратил дома, меѓу прилепчани, потврдувајќи се како македонски деец и потсетувајќи на своето мото дека во единството е успехот на се, како порака за идните генерации.

2sarlo-640x427

Бил една од најконтроверзните личности во македонската историографија, личност која најмногу талкала на буништето на историјата за да ја докаже својата невиност. И по 75 години, Методија Шаторов Шарло се враќа со дигнато чело онаму каде припаѓа: во плејадата македонски великани кои својот живот го посветиле на обединета и самостојна македонска држава.

_mg_3380

Денес во просториите на градската библиотека „Борка Талески“ ќе биде промовирана и книгата „Методоја Шаторов – Шарло помеѓу чеканот и наковалната“ од авторката проф. Д-р Соња Николова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top