| четврток, 6 декември 2018 |

Копа Америка: Мексико и Боливија одиграа без голови (видео)

Mexico vs Bolivia

натпревар од првото коло во групата А во рамките од 99.издание на Копа Америка меѓу Мексико и Боливија заврши без голови 0-0. Овој резултат најмногу му одговара на домаќинот Чиле кој веќе освои три бода против Еквадор и е осамен на табелата на првото место. Сега Чиле има отворен пат за пласман на првото место во групата А што значи и нешто полесен противник во четвртфиналето.

Боливија синоќа умаше далеку подобро издание во првото полувреме кога можеше да води и со 2-0, додека Мексиканците беа подобри во вториот дел. И тоа главно добрата игра следеше по повредата на легендарниот стопер Маркез кој мораше да ја напушти играта, а селекторот Мигел Ерера во игра го уфрли напаѓачот на Атлетико Мадрид, Раул Хименез кој не се снајде најдобро и не успеа да создаде шанса за гол.

Вечерва се играат натпреварите од првото коло од групата Б, а се среќаваат Уругвај – Јамајка и Аргентина – Парагвај

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top