| четврток, 6 декември 2018 |

Во Штип промоција на проектот „Македонија вработува“

Агенцијата за вработување на Република Македонија денеска во Штип ќе го промовира проектот „Македонија вработува“.

За таа намена на градскиот плоштад ќе бидат поставени специјални штандови на кои граѓаните ќе можат да се запознаат со придобивките од проектот.

Со проектот се предвидува да бидат опфатени околу 150 илјади невработени до 35 години, лица од 35 до 50 години кои повеќе од 10 години се без работа, лица над 50 години, невработени од ранливите категории граѓани, и лицата постари од 58 години.

Работодавачите кои ќе вработат лица од овие категории ќе бидат ослободени од плаќање задолжителни социјални придонеси и персонален данок на доход во период од една до пет години со обврска да ги задржат на работа уште една година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top