Владата на Белгија предложи денеска закон со кој ќе се овозможи поништување на пасош и лични карти за луѓе кои властите веруваат дека имаат намера во странство да се борат на страна на исламистички органзиации на Блискиот исток.
Таа мерка што треба да ја одобри парламентот, претставува одговор на државата за фактот дека многумина од белгија заминале на боишта во Сирија и во Ирак.
Проценките се дека околу 300 млади мажи ја напуштиле таа држава во изминатите неколку години за да се борат на страна на организации како што е Исламска држава.
– Новиот закон овозможува напуштање на белгиска територија со намера да се учествува во терористички дела да се прогласи за кривично дело, изјави Коен Генс, министер за правда на Белгија. Тој вели дека властите би можеле да поништат лична карта или одбијат да издадат пасош на лице за кое се сомневаат дека сака да замине во Сирија или во Ирак за да се бори таму.
Слични прописи веќе воведоа Велика Британија и Данска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Бегилските „жолти елеци“ со листа на барања кои ќе ги презентираат на протестот во сабота
-
Во Белгија нема повеќе место за нови баратели на азил
-
Белгија со голем пресврт ја победи Јапонија и се пласира во четвртфиналето!