Гостите од земјите на Бенелукс на охридско-струшкиот брег ќе одмараат и во следните три години. Престојот кај нас им го овозможува тур операторот „Корендон”, кој ги продолжи договорите со нивниот македонски партнер, Фибула Ер-травел. За нашите најбројни гости ќе бидат резервирани три, односно четири чартер летови неделно во шпицот на летото. Се очекува догодина преку аранжманите на овој холандски тур оператор да пристигнат 15.000 туристи. Ова ќе ја збогати туристичката понуда не само во македонските туристички центри,туку и во соседството бидејќи се планираат кружни тури и надвор од Македонија, пренесе ТВ Алфа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


