| четврток, 6 декември 2018 |

Насилници од кампот пред владата напаѓаат минувачи (видео)

Порталот Нетпрес објави видео на кое се гледа како насилници од кампот на опозицијата на Илинденска, вчера доцна попладне, заедно со блискиот соработник на Зоран Заев, Аднан Ќахил, физички нападнале двајца недолжни граѓани. Нема информации како настанал инцидентот, но од снимката се гледа како насилниците удираат со тупаници двајца велосипедисти, од кои едниот е возрасен.

На видеото се гледа како насилната група ги брка двајата недолжни граѓани и прво вербално ги напаѓа на булеварот Климент Охридски. По кусата расправија прв по недолжните граѓани со тупаница удира Аднан Ќахил, а веднаш му се придружуваат уште неколку помлади лица од опозицискиот камп. Тие со клоци и тупаници удираат едниот од двете лица.

Тепачката се случила пред очите на мајки со мали деца, кои минувале оттука.

За среќа инцидентот не добил поголеми размери, бидејќи веднаш реагирале полицајците, кои ја обезбедуваат Владата. Неофицијалните информации велат дека двајца од напаѓачите биле приведени и сослушани за инцидентот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top