Првите Европски игри во Баку, Азербејџан, имаа лоша предигра, а во бизарен инцидент настрадаа три репрезентативки на Австрија во синхронизирано пливање.
Почетокот на првите Европски игри е закажан за денеска, но церемонијата на свеченото отворање ќе мине во сенка на страшниот инцидент. Шетајќи низ спортското село каде што се сместени спортистите, на трите Австријки налета автобус и буквално ги прегази.
Со многубројни фрактури во Австрија е вратена 15-годишната Ванеса Шахиновиќ и таа е во најтешка состојба. Со тешки повреди мина и Луна Пајер, а и таа е испратена на лекување во својата земја, додека во Баку остана Верена Брејт, третата австриска репрезентативка во синхронизирано пливање, која мина со полесни повреди.
Содржината во видеоматеријалот можете да ја погледнете овде, но предупредуваме дека е вознемирувачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



