| четврток, 6 декември 2018 |

Нова опрема за болницата во Кочани

Општата болница од Кочани во соработка со Министерството за здравство на Република Македонија ќе добие софистицирана опрема за повеќе одделенија. По подолги преговарања ќе биде набавен мамограф за потребите на општата болница, за што веќе се подготвува просторија за негова инсталација и работа.

koc.jpg500

Набавивме и нови апарати за општата болница во Кочани. Тоа се софистицирана опрема за аналајзер која е намената за Биохемиската лабораторија и уште еден нов рендген апарат за Рендгентското одделение, изјави д-р Дејан Апостолов, директор на Општата болница во Кочани, пренесува МИА.

Апостолов информираше и за одобрените 14 специјализации од страна на Министерството за здравство кои ќе бидат реализирани од 2015 до 2018 година, а се однесуваат на специјализации, и тоа по две за гинекологија и акушерство и општа хирургија, и по една специјализација за анестезија, оториноларингологија, физикална медицина, ортопедија, неврологија, интерно и радиологија.

Инаку, во Општа болница Кочани четворица лекари деновиве се враќаат од специјализација, а со двајца лекари специјалисти се преговара за нивно вработување во болницата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top