Репрезентацијата на Чиле победнички го отвори овогодишното, 99. издание на Копа Америка на домашен терен во Сантијаго со победа над Еквадор од 2-0. Во 67. минута Артуро Видал од пенал донесе предност за домаќините, а на шест минути до крајот резервистот Едуардо Варгас ја потврди победата.
Чиле во својата историја никогаш не ја освоил титулата на својот контитент, четири пати играше во финалето (последниот пат 1987), и сега се надева на првата титула бидејќи по добрите игри на минатогодишниот мундијал, важи за еден од фаворитите заедно со Бразил и Аргентина. Титулата ја брани репрезентацијата на Уругвај, кој досега е рекордер со 15 наслови.
Уругвај одбраната на титулата ќе ја почне утревечер со меч против Јамајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



