На граничниот премин „Прешево“, на македонско-српската граница, ноќеска е спречен обид за шверцување 460.800 цигари од разни брендови во вредност од 23.000 евра.
Како што соопштува српската Царинска управа, цариниците во соработка со полицијата при влез во Србија ги запленила цигарите од кои дел биле со македонски акцизни маркички, а дел биле без акцизни маркици.
Цигарите се откриени во камперско возило со германски регистарски ознаки, управувано од германски државјанин со потекло од Босна и Херцеговина. При царинската контрола не пријавил ништо, но при детален преглед на возилото под задниот браник се пронајдени околу 20 штеки цигари, се наведува во соопштението.
Преостанатата количина цигари била скриена во просторот под туш кабината, под патосот и под креветот во задниот дел на возилото, каде бил направен и специјален бункер наменет за шверцување.
Против германскиот државјанин е покрената прекршочна постапка, а цигарите и возилото се привремено задржани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.