| четврток, 6 декември 2018 |

Родено првото бебе од јајчник замрзнат во детството

Една Белгијка е прва жена во светот која родила бебе по пат на трансплантирано ткиво од јајчникот, кое е замрзнато кога била дете, соопштија докторите.

трудна

На оваа 27-годишна жена и е отстранет едниот јајчник кога имала 13 години, пред почетокот на инванзивниот третман за лекување на т. н. српеста анемија. Нејзиниот друг јајчник престанал да функционира по лекувањето, што значело невозможност за зачнување без трансплантација.
Стручњаците се надеваат дека таа процедура би можело да им помогне на другите млади пациентки.
Жената родила здраво момче во ноември 2014 година, а деталите за тој случај се објавени пред два дена во весникот „Хјуман репродакшн“.
Пациентката природно забременила во 27-та година, откако спонтано добила менструален циклус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top