| четврток, 6 декември 2018 |

Во Ваксинце отркиени 128 илигални мигранти (ВИДЕО)

Во  полициската акција во село Ваксинце ноќеска се затеканти 128 мигранти од Сирија, Ирак и други држави. Полицијата исто така во една од куќите што ги претресувала пронашла и едно 68-годишно лице по кое било распишана потерниза поради извршено убиство.

Портпаролот на МВР Иво Котески денеска на прес-конференција посочи дека лицата се пронајдени во пет  објекти од 11 претресени од страна на полицијата. Откриените мигранти се на возраст меѓу  32 и 61 година.

МВР поднело кривична пријава против четворица сопственици на објекти каде што биле затекнати овие мигранти.

Сопствениците  ги изнајмувале објектите за 1.500 евра месечно или им барале 5 до 10 евра на мигрантите само за да се засолнат во објектите.

Мигрантите, според Котески, изјавиле дека не биле присилувани да престојуваат во овие објекти, туку дека тоа го правеле по сопствена волја.

Дел од мигрантите во моментов се наоѓаат во центрите за азил додека останатите коишто би требало да бидат сведоци во понатамошната кривична постапка се во транзитниот центар.

Според Котески, за време на акцијата во Ваксинце не се регистрирани никакви инциденти, а се уште се обезбедуваат дел од објектите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top