Годинава се одржува десеттото, јубилејно издание на „Баскерфест“, кој ќе се одржува низ цела Македонија, а во Скопје официјалниот почеток е на 12 јуни, петок, и ќе трае до 21 јуни. Оваа година фестивалот ќе се одржи на плоштадот „Филип Втори“. На фестивалот за време на викендите ќе ж има две бини, а во работните денови три, каде што уличните уметници ќе ги изведуваат своите точки во текот на денот, а во вечерните часови на истото место се планирани настапи на повеќе музички групи од странство и од земјава.
– Фестивалот во Скопје е под покровителство на Град Скопје и го поддржуваме со 900. 000 денари. За оваа година е најавено учество на околу 100 баскер изведувачи од целиот свет, секој од нив атрактивен на свој начин, а покрај уличните артисти, како и секоја година тука се музичките настапи во Пивската градина. Жонглери, брејкденсери, куклен театар, одење по жица и перформанси со оган се само дел од програмата на годинешниов театар на отворено „Баскерфест 2015“. Годинава новитет е тоа што првпат секојдневно ќе има и детска креативна работилница каде што најмладите посетители ќе имаат можност да се дружат со баскер изведувачите, да се едуцираат, но и да уживаат во малите слатки задоволства кои ги подготвивме само за нив. Со текот на овие 10 години, овој фестивал, кој го организира „Темов“, стана препознатлив бренд за нашиот главен град и еден од најуспешните културно-забавни проекти поддржани од Град Скопје. Ги повикувам граѓаните на дојдат и да се забавуват на отворено – изјави градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Пане Темов по повод 10. роденден најави голем број изненадувања за присутните и артисти од Чиле, САД, Куба, Албанија Србија, односно учесници од 23 земји.
„Баскерфест“ годинава ќе се одржува и низ 14 градови во Македонија. Секој град барем неколку денa ќе има можност да ја доживее магијата на уличната уметност.
„Баскерфест 2015“ почнува в петок, 12 јуни, а ќе трае до 13 јули, односно точно еден месец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



