| четврток, 6 декември 2018 |

САД разгледуваат можност за нов оперативен центар во Ирак

ислам

САД планираат создавање нов воен оперативен центар во Анбар и во други места во Ирак, во рамки на унапредување на борбата против групата Исламска држава (ИД), изјави денеска командантот на здружениот Генералштаб, генерал Мартин Демпси.

Тој, еден ден откако американскиот претседател Барак Обама нареди испраќање на дополнителни 450 војници во Ирак, истакна дека САД сакаат да воспостават центар во самата сунитска територија, од каде би можеле да ги советуваат и да им помогнат на ирачките сили повторно да преземат контрола врз својата територија од ИД.

Оперативниот центар би се наоѓал во воената база Такадум, која е на 25 километри од Рамади, град кој од минатиот месец е под контрола на исламистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top