| четврток, 6 декември 2018 |

Сочна пцост од навивачка на Голден стејт го стаписа Леброн (видео)

lebron

Леброн Џејмс е незадржлив за противниците од Голден стејт вориорс во финалната серија за титулата во НБА-лигата, а чаре, барем за момент, му најде една навивачка на тимот од Сан Франциско.

Со пцост упатена кон извонредниот кошаркар на Кливленд таа успеа за момент да го сопре во движењето популарниот „крал на кошарката“, како што го нарекуваат Џејмс. Леброн застана, но не влезе во караница поради некултурниот гест на навивачката, а брзо реагираше обезбедувањето во салата и ја смири жената што го навреди кошаркарот на Кливленд.

Во трите меча „23“ на Кливленд постигна неверојатни 123 поени, што е рекорден придонес во историјата на НБА-лигата на кој било кошаркар на стартни три дуели во финалната серија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top