| четврток, 6 декември 2018 |

Милан не се шегува, Џексон Мартинез доаѓа на „Сан Сиро“

Управата на Милан на чело со потпретседателот Андријано Галијани е во комплетна офанзива кога се работи за засилување на екипата за следната сезона.
Тоа за што во медиумите се зборуваше во последните неколку денови, полека почна да се остварува. Милан подготвува многу силен тим за следната сезона и враќање на старите патеки кога жареше и палеше во Италија и цела Европа.
Првото трансфер е направен во Порто, од каде што ќе биде доведен одличниот напаѓач Колумбиецот Џексон Мартинез.

Според медиумите, Колумбиецот ќе потпише четиригодишен договор со „росонерите“ и ќе заработува по 3,5 милиони евра по сезона.

Поголемиот дел од договорот е веќе завршен, остануваат само уште некои ситни детали. Трансфер-гуруто на „росонерите“, Адријано Галијани, не застанува тука. Тој ќе остане во Португалија уште некој ден да се обиде да го договори и трансферот на Брахими, а потоа лета во Монако да се обиде да го договори и Гондогбија за следната сезона. Се чини дека 27 милиони евра би биле доволни за управата на Монако да се сложи да го ослободи овој фудбалер.

Како што пренесуваат светските медиуми, Златан Ибрахимовиќ е пред враќање на „Сан Сиро“. Тој дал зелено светло да се врати во неговиот „дом“, како самиот наведува. Ибра е иконата на клубот од Париз, но за сума од 15 милиони евра, колку што бара ПСЖ, тој ќе се врати во старото јато.

Галијани по овие состаноци оди за Германија каде што, ни помалку ни повеќе, ќе се обиде да го доведе еден од најдобрите дефанзивци во Европа, Мац Хумелс. За Хумелс се заинтересирани повеќе европски клубови кои финански се помоќни од „заспаната мечка“, но кога се работи за Милан и за Галијани, сѐ е можно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top